Арсовска: Ќе поднесам изјава во Антикорупциска дека четири години нема да ми се менува имотната состојба

пред 3 години

Денеска на прес-конференцијата посветена на тема корупција, независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, изјави дека како дел од нејзината борба против корупцијата, првиот ден кога ќе биде на функција ќе депонира изјава во Антикорупциската комисија.

„Во изјавата до Антикорупциска комисија ќе стои дека мојата имотна состојба и на моето поблиско семејство нема да се менува во сите 4 години од мандатот. Ги повикувам сите други кандидати да се обврзат дека ќе го сторат истото. Само со вакви заложби ќе се избориме против корупцијата“, порача Арсовска.

Share
Scroll to Top