Во битолската полиција пријавено дека две домашни кучиња нападнале жена

пред 3 години

Во вечерните часови на 3 април, 23-годишниот В.Г. од Битола, пријавил дека на битолската улица „Неолица“ видел како две кучиња, кои биле сопственост на М.Т. од Битола, ја нападнале 49-годишната В.Л.

Жената се здобила со повреди кои биле констатирани во Клиничката болница во Битола.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top