Без струја утре делови од Бутел, Кисела Вода и Ѓорче Петров

Без струја утре делови од Бутел, Кисела Вода и Ѓорче Петров

пред 5 часа

Поради зафати во електродистрибутивната мрежа утре без електрична енергија ќе бидат делови од Бутел, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Според информациите од ЕВН Македонија, во периодот од 08 до 12 часот струја ќе немаат објектите на Техномаркет, Старџим и Кам на булеварот „Босна и Херцеговина“ и ВФВ Поликлиника во општина Бутел, а во периодот од 09 до 11 часот, дел од потрошувачите на улицата „Коце Металец“ односно куќите од ул.Зеничка до ул. Гемиџиска во општина Гази Баба.

Во периодот од 09 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ваташа“ во Драчево, додека во периодот од 09 до 15 часот, дел од корисниците на улицата „101“ во Волково во општина Ѓорче Петров.

Текстот Без струја утре делови од Бутел, Кисела Вода и Ѓорче Петров е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top