Пронајдени двете девојчиња од струшко што беа пријавени дека се оддалечиле од домот

Битолчанецот што силувал и уценувал малолетничка имал и помошник со кого ги делеле парите: добија кривични пријави

пред 5 месеци

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против В. Т. (25) и од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела уцена, казниво по член 259, и полов напад и силување, казниво по член 186 став 1, а во врска со став 4 од Кривичниот законик, и против Б. Т. (33) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело помагање, казниво по член 24, во врска со кривично дело по член 259 од Кривичниот законик.

Првопријавениот В. Т. во периодот од август 2023 до 22.7.2024, заканувајќи ѝ се на тогаш 17-годишната девојка од Битола дека на социјална мрежа ќе објави фотографии со кои ќе им наштети на нејзината и на честа и на угледот на нејзиното семејство, извршил обљуба врз неа.

Покрај ова, тој на истиот начин ја принудил да му исплати пари стекнувајќи се со имотна корист од приближно 5.500 евра.

Во извршувањето на ова дело му помагал второпријавениот Б. Т., кој внимавал некој да не наиде при подигање на парите, кои подоцна си ги делеле.

Двајца се лишени од слобода, а со судска наредба полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во домот што го користат, при што беа пронајдени докази и предмети за кои постои сомнение дека со поврзани со делата, информира полицијата.

Судија на претходна постапка на В. Т. му определи мерка притвор, а на Б. Т. мерка на претпазливост.

Текстот Битолчанецот што силувал и уценувал малолетничка имал и помошник со кого ги делеле парите: добија кривични пријави е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top