Заев: Успеавме да спречиме драстично поскапување на електричната енергија

пред 2 години

Во услови на светска енергетска криза, успеавме да спречиме драстрично поскапување на електричната енергија од над 25% и да го активираме домашното производство за ублажување на ценовниот шок, напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

„Цената на електричната енергија на универзалниот снабдувач – ЕВН ХОУМ за домаќинствата и малите потрошувачи, ќе биде покачена за 9,48% во однос на претходниот пресметковен период, како што информираше Регулаторната комисија за енергетика“, истакнува во напишаното Заев.

Објаснува дека се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела. Додава дека солидарноста на сите чинители на електро-енергетскиот сектор, редуцирање на трошоците и штедење е од голема важност.

„Рестрикции на електрична енергија нема да има. Сите домашни капацитети за производство на струја се во функција на успешно соочување со енергетската криза.
Во моментов има доволно обезбедени количини на јаглен за работа на ТЕЦ Осломеј, како и за РЕК Битола за работа со два блока. ТЕЦ Неготино веќе е вклучен со половина капацитет, од јануари ќе работи со полн капацитет, а од јануари ќе биде вклучен и третиот блок на РЕК Битола. Сите количини на електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат обезбедени од домашно производство, односно без увоз“, пишува Заев.

Информира дека на денешната седница Владата на предлог на Министерство за економија обезбедила 60 милиони денари финансиска поддршка со Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година. За првпат, напоменува Заев, се воведува парична помош за најранливите категории на лица со ниски примања, кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон.

Според него, состојбата се следи и со сите релевантни чинители се носат решенија во интерес на граѓаните, со цел ублажување на ефектите од светската енергетска криза.

Share
Scroll to Top