„Денеска стартува техничката Влада на Република Северна Македонија, задолжена за спроведување на фер и демократски изборен процес, а во која ја извршувам должноста дополнителен заменик министер за внатрешни работи. Во овој контекст, сакам да ги истакнам моите и напорите на мојот тим за заштита на личните податоци на граѓаните и за зајакнување на капацитетите на полицијата, со цел обезбедување на мирен тек на изборите. Со подготвеноста и професионалноста на вработените, нашата задача е да обезбедиме транспарентен, фер и слободен изборен процес, во кој секој граѓанин ќе може слободно да го изрази своето мислење и право на избор“, вели дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.
Дозволете да бидам категоричен, додава тој, потенцирајќи притоа дека очекува работење исклучиво по закон од страна на вработените во МВР.
„Вие не должите никому ништо и очекувам да не подлегнувате на било каков притисок или уцена.
На крајот, сакам да истакнам дека спроведувањето на европски избори е одраз на нашата зрелост како демократско општество. Тоа е доказ за нашата посветеност кон демократските вредности и нашиот напредок кон Европската Унија.
Да организираме европски избори како што беа и претходните и со заеднички напори да продолжиме да градиме силна, стабилна и демократска Република Северна Македонија, со гарантиран пат кон Европската Унија“, истакнува Бојмацалиев.
Текстот Бојмацалиев, дополнителниот заменик министер во МВР: „Очекувам работа исклучиво по закон и да не подлегнувате на притисок “ е превземен од МАКФАКС.