ДКСК: Вишиот Управен суд ја одби жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители, постапката за прием на нови слушатели ставена во мирување

Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ

пред 4 месеци

„Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски. Таткото на министерот за дигитална трансформација, Љупчо Андоновски е советник во Владата. Братот на министерот пак, Игор Адноновски е началник во АНБ. Значи цела фамилија, едниот брат министер, другиот брат началник во АНБ а таткото Советник во Влада“, велат од СДСМ.

„Ова ли е „департизацијата“ што ја ветуваше ДПМНЕ? Дали ова е „мерит системот“ кој го најавуваа?

Не, ова е јасен доказ за непотизам, судир на интереси и злоупотреба на државните институции за партиски и лични цели.

Додека илјадници млади и способни граѓани ја напуштаат државата во потрага по работа, држаните функции се резервирани само за роднините на актуелните и поранешните функционери на ДПМНЕ.

Ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ?

Македонија мора да биде праведна и правна држава – а не држава на непотизам и корупција!“, соопшти СДСМ.

Текстот Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top