Вечерва започнува летното сметање на времето

пред 4 години

Верчерва започнува летното сметање на времето, а часовниците треба да се поместат еден час напред во два часот по полноќ.

Часовниците во нашата земја се поместуваат двапати годишно, на последниот викенд од март и октомври.

Во март, стрелките се движат еден час напред, а во октомври се враќа часовникот еден час наназад.

Поместувањето кон летното, односно зимското сметање на времето е со цел да се заштеди енергија.

Идејата за пресметка на зимско и летно сметање на времето се заснова на астрономската околност дека во јануари сонцето изгрева само околу 8 часот, а заоѓа во 16 часот. Во јули, кога денот е подолг, сонцето изгрева пред 5 часот наутро и заоѓа по 21 часот.

Share
Scroll to Top