Цела недела има класичен молк од власта избегнување на темата за доделените тендери во вредност од половина милион евра на само три фирми и на само двајца сопственици, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„ Половина милион евра за три години се поделени за маркетиншки услуги и организирање настани, а народот нема леб да јаде.
Да делиш пари за организирање настани во ек на пандемија што е уште потрагично кога е забрането групирање и организирање на настани, не е ништо повеќе, туку класично испумпување на парите на граѓаните од државниот буџет кои што завршуваат во нечии туѓи џебови.
Ова е една од причините и ваквите тендери се причина да Република Македонија биде на 111 место по нивото на корупција во свет на листата на Транспаренси Интернешнл.
Оваа влада и работење е сведено само на брутална гола реклама, манипулација и испумпување народни пари.
Она што е најважно да го знаат граѓаните и да немаат грижа, сите договори ќе бидат ревидирани и секаде каде што има основан криминал, сите инволвирани ќе одговараат“ порача Арсовски.