(Видео) Арсовски: Заев е човек киднапиран од своите криминални пориви

пред 3 години

Заев сам вети дека ако изгуби на локалните избори ќе си поднесе оставка, но оставката се уште ја нема никаде, рече на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Ако го погледневте лицето на Зоран Заев од Собрание, ќе сфатевте дека тој е уценет и киднапиран човек од своите криминални пориви, плашејќи се да не одговара за сето она што го правел, да не заглави во затвор и мораше да ја киднапира и целата негова партија и да киднапира пратеник од друга партија. Класични криминалци, апаши, киднапери, функционираат како картел, исто како во јужноамериканските филмови. Да веруваше Заев во своите пратеници ќе ги пуштеше да влезат внатре и да гласаат. А, не сега да ги пушта по телевизии да го бранат за да не понесе одговорност и да не си даде оставка“, истакна Арсовски.

Според него, победата од, како што рече, 100.000 гласови која што ја оствари ВМРО-ДПМНЕ врз СДСМ на овие локални избори, само ќе расте до наредните избори.

„Граѓаните се нестрпливи да го видат Заев да понесе одговорност, а СДСМ да си замине од власта и од институциите, бидејќи ова што го прават е класичен терор врз граѓаните и врз институциите“, кажа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ кој порача и дека штом Заев не сака сам да ја даде оставката, граѓаните ќе му ја испорачаат многу брзо.

Share
Scroll to Top