(Видео) Арсовски: Само исплашен човек кој е замешан во скандал реагира како Николовски за шверцот на тутун

пред 4 години

Тутунската мафија за која има и предмет во царинската управа, но и во ЈО е заштитена од оној кој што се јави неповикан да се пере од потенцијалниот криминал, Љупчо Николовски, вицепремиер за спречување корупција, обвини на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Избегнувањето на одговорите и бегањето од одговорност бидејќи сега ги штити власта за ваквиот криминал, не значи дека нема да следи одговорност за сето ова понатаму. Ова е криминал од милионски размери кој што не може да остане вака“, нагласи Арсовски.

Според партискиот портпарол, стравот на вицепремиерот Николовски и неговите, како што кажа, манипулативни реакции и изјави, се поради паника да не биде откриен до крај целиот скандал и неговата вмешаност од времето кога бил министер за земјоделство.

„Само исплашен човек кој е замешан во ваков скандал реагира вака, неповикан да се објаснува и заканува на медиуми и новинари“, посочи Арсовски кој потенцира дека за тутунската мафија мора да има одговорност и повика политичарите да ги тргнат рацете од новинарите и да ги остават да си ја работат својата работа.

Share
Scroll to Top