(Видео) Жугиќ: Скопје тоне во смет, луѓе умираат од Ковид-19, а Шилегов дава тендер од еден милион

пред 4 години

Петре Шилегов молчи и се крие, откако му додели тендер од еден милион денари на партнерот на министерката Мила Царовска, за вршење на услуги – снимање на зелени површини, за рана детекција за растителни болести, обвини Јелена Жугиќ, советничка во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Во време кога секој ден десетици луѓе починуваат од компликации од вирусот, на Шилегов најголема грижа му се болестите на зелените површини. Истите оние зелени површини кои како градоначалник ги запостави и девастираше изминативе три ипол години. Граѓаните секојдневно се соочуваат со загуба на човечки животи, со стотици новозаразени секој ден, со поскапени режиски сметки и прехрамбени продукти, а Шилегов брутално се расфрла со парите на скопјани. Граѓаните се борат со финансиската криза, не ретко една маска се носи и по неколку дена, парите не стигаат и за средства за дезинфекција и за витамини и за поздрав начин на исхрана кој помага во зајакнување на имунитетот. Градоначалникот, „таткото” на скопјани Шилегов наместо да распише тендер, да набави заштитни средства и да ги подели бесплатно на ранливите категории граѓани, тој почитувани скопјани, дава еден милион денари на партнерот на Царовска за снимање на зеленилото од дрон?!?

Скопје се гуши во смет! Парковите низ Аеродром се обраснати со трева и запуштени, Вардариште во Гази Баба е депонија скоро рамна на Дрисла, преполни контејнери во Кисела Вода и во Центар. Шилегов не знае како да ги заврши основните задолженија како прв човек во Скопје, но затоа знае точно како да ги потроши парите на граѓаните за апсолутно непотребни работи во овој момент“ истакна Жуги.

Таа додаде дека во услови на пандемија, илјадници деца се уште немаат соодветни уреди за да ја следат наставата од дома. Според неа, Шилегов наместо да размисли како да им помогне и да пренамени средства за купување на таблети или лап-топ компјутери, тој распишал тендер за дронско снимање на зелени површини.

Таа ја повика Државната комисија за спречување криминал да го испита случајот со тендерот за дронско снимање на Шилегов, каде добитник на истиот е партнерот на министерката Царовска.

„ Одговорност мора да има. Петре Шилегов, твојата некадарност и негрижа нанесува непоправлива штета на скопјани и Скопје. Расфрлањето со нашите пари во услови на тешка пандемија, никогаш нема да ти го простиме“ заклучи Жугиќ.

Share
Scroll to Top