(Видео) Каевски: Поткопани се државните позиции во однос на Бугарија од страна на Христијан Мицкоски

пред 4 години

Поткопани се државните позиции на Република Северна Македонија од страна на Христијан Мицкоски. На Конгрес на Европската народна партија каде што учествувал и Христијан Мицкоски усвена е Резолуција која во еден дел го поткрепува ставот на Бугарија, изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој наведе дека Мицкоски кој присустваше на Конгресот на којшто е усвоен овој документ воопшто не реагирал за овој дел од Резолуцијата со ставои на Бугарија. Наместо да ги брани државните позиции утврдени и со Резолуција во македонското Собрание, Христијан Мицкоски ги поткопа во клучни моменти. Додека дома блокира се што е во интерес на граѓаните, Христијан Мицкоски надвор ги поткопува државните позиции.

СДСМ го повикува лажниот патриот Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори зошто ова и го прави на сопствената земја, на сопствениот народ?

За волку важно прашње, ваков недржавнички чекор презема само очаен човек.

Ова е срамен, неодговорен однос на Мицкоски кон сопствената држава и наместо да молчи Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да објасни зошто, изјави Каевски.

Share
Scroll to Top