(Видео) Костадинов: Мицкоски не го брани Уставот, туку криминалите на неговиот шеф Груевски

пред 4 години

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во врска со вчерашната поддршка на протестите од страна на ВМРО-ДПМНЕ вели дека оваа опозициска партија и Христијан Мицкоски не отстапуваат од режимското насилничко однесување на штета на граѓаните и на државата.

„Мицкоски без срам ги нарече уставобранители и чесни луѓе, луѓето кои пред четири години насилно и со оружје упаднаа во Собранието со намера да убиваат пратеници, да тепаат новинари и вработени во собраниските служби. Тоа не се уставобранители, ниту некогаш ќе бидат. Тоа се насилници кои шефот на Мицкоски во Будимпешта ги поттикна да извршат терористичко загрозување на уставниот поредок за да го спасат од одговорност за злоделата“, истакна Костадинов.

Според портпаролот на СДСМ, тие луѓе на 27 април, меѓу кои како што рече беше и Мицкоски, не го бранеа Уставот, туку криминалите на Никола Груевски.

„Денес, четири години подоцна, Мицкоски не само што не се извини, не само што не жали за крвавиот четврток, туку отворено застана во одбрана на насилници, криминалци и фашисти. 27 април е најцрн датум во историјата на македонската демократија, но и датум кој ВМРО-ДПМНЕ го слават, наместо да се извинат. Тоа зборува дека ништо не е сменето во опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски е истото ВМРО-ДПМНЕ предводено Груевски. Тоа е насилничка партија, која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните“, вели Костадинов.

Според него, Мицкоски не е поместен ниту милиметар од како што нагласи, режимско насилничката матрица на Груевски.

Share
Scroll to Top