(Видео) Костадинов: Растот на платите, намалената невработеност се знак за успешни економски политики на СДСМ

пред 4 месеци

Во тек е исплатата на 5 отсто бонус на платите за месеците март и април на вработените во јавните здравствени установи, информира портпарлот на СДСМ, Костадин Костадинов

Потсети, дека за две недели ќе им биде исплатен и бонусот од 5 отсто за месец мај.

„Од септември зголемување на платите ќе добијат медицинските сестри и техничарите кои инвестирале во своето образование по 2015 година, со што ќе се исправи неправдата кон овие медицински лица кои досега не можеа да го валоризираат своето образование преку својата плата. Покрај здравството, се инвестира и во човечкиот капитал во безбедноста. На 4.471 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2020 година, исплатена им е бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари“, истакна Костадинов.

Според него, одговорните економски политики на СДСМ придонесуваат платите постојано да растат, а невработеноста постојано да опаѓа.

И во време на пандемија, додаде Костадинов невработеноста не се зголеми. Напротив, како што рече, се бележи историски најниска стапка на невработеност од 16 отсто.

„Истовремено, во последните месеци бележиме силен раст на индустриското производство и извозот, што докажува дека денес македонската економија е стабилна, динамична и конкурентна. Сето ова почитувани е потврда за успешноста и ефикасноста на економските политики што ги презема Владата предводена од СДСМ“, потенцира портпаролот на СДСМ.

Share

Website https://twistmoe.net: Watch Pokémon the Movie: I Choose You! twistmoe Episode Full gogoanime

Little Lord Fauntleroy Episode 17

AnimeTV: Crane Game Girls Galaxy anime episode 12 online free at https://animetv.cc plunderer anime tv

AnimeFreak Watch english anime Online in HD for FREE

Beermapping: https://beermapping.com/account/gogoanimebe

Cults3d: https://cults3d.com/en/users/animefreakws

Scroll to Top