(Видео) Костовски: Ликот на Богородица се појави во црква во Бутел на големиот празник

(Видео) Костовски: Ликот на Богородица се појави во црква во Бутел на големиот празник

пред 2 години

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, сподели видео, на кое, како што тој пишува на негов пост на социјалната мрежа фејсбук, на големиот празник Пречиста Богородица „пресветата мајка божја се појавила во божјиот храм“.

„На големиот христијански празник Пречиста Богородица, Пресветата Божја Мајка се појави во божјиот храм Св. Никола во Скопје Север, Општина Бутел. Слава на Господ“, објави Костовски на фејсбук.

Тој за „Макфакс“ посочи дека ова е видео на граѓанин и тој лично го нема снимено.

„Тоа си е негово сведоштво во кое јас си верувам“, истакна Костовски.

Текстот (Видео) Костовски: Ликот на Богородица се појави во црква во Бутел на големиот празник е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top