Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре тука да дојде. Изгледите се јасни, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за францускиот предлог.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Јас уште вчера кажав, понудив се повлекуваме и од предвремени избори, се повлекуваме од се, ќе помогнеме нека помине зимата, граѓаните да можат мирно да поминат, заеднички ќе се обединиме. Не му бараме ништо, само нека каже не. На пролет март, април пак ќе седнеме, ќе видиме што понатаму“, посочи Мицкоски.
„Тоа беше првата понуда. Втората јас му реков, еве од преговарачката рамка ако сте толку сигурни дека сте го заштитиле идентитетот да ги тргнеме точките каде што се повикува на Годишните извештаи, каде што се повикува на Протоколот од втората меѓувладина и каде што во записникот од втората меѓувладина која што ќе ја има нашата влада условно со ЕУ се трга делот каде што стои дека преговорите започнуваат веднаш после измената на Уставот. Тоа е многу важно. Ние нема да почнеме сега преговори, тоа мора граѓаните да го знаат. Албанија ќе почне, не ние. Ние ќе треба да го смениме Уставот. Ние ова го потпишуваме за Албанија да почне преговори, не Македонија. Тоа треба секој еден граѓанин на Македонија да го знае. Немам ништо против Албанците, нека си почнат, ако ЕК оценила дека местото на Еди Рама е таму, а местото на Македонија не е таму, тоа е одлука на ЕК, јас тука не се мешам. Ако е одлука на ЕК, Македонија 22 години да чека, а Еди Рама да биде таму и дека тој споделува европски вредности, а не јас и овие луѓе тука, тогаш тоа е нејзина одлука“, вели ледрот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако има малце разум кај Ковачевски и останатите, треба да го слушнат тоа што народот го зборува затоа што тие повеќе не се грижат за иднината на овој народ и на државата отколку самиот народ за својата иднина и за Македонија“, додава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
На новинарско прашање дали предлогот треба да помине во Собрание, Мицкоски одговара: „Не, не треба да помине бидејќи тие немаат намера тоа да го направат, а и да помине на сила ќе помине“.
За средбата на Ковачевски со Села, Мицкоски одговара: „Јас верувам во демократските процеси, немам намера, никогаш во животот не сум вршел никому притисок. Претпоставувам Ковачевски ги држи тие состаноци на истиот начин како што го имаше состанокот со мене вчера“.