Уште една од низата лаги на Христијан Мицкоски денеска се распаѓа пред очите на јавноста.
Најболниот пример е токму новиот Клинички центар, кој не се изгради единствено поради
блокадите на ВМРО и Христијан Мицкоски, истакна денеска Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.
Во 2021 година ВМРО, потсети таа, поднесе над 2.000 амандмани за да ја закочи изградбата на новиот Клинички центар.
„До каде беа подготвени да одат кога беа во опозиција? Дотаму што рушеа проект кој требаше да лечи луѓе и да спасува животи.
Дотаму што политичките интереси ги ставија пред здравјето на граѓаните.
Секое семејство кое чекало преглед, секој пациент кој барал лекување, секој родител кој стравувал за здравјето на своето дете, ја плаќа цената поради Мицкоски и ВМРО.
И сега, истиот тој Мицкоски повторно ветува нов Клинички центар?
Но граѓаните веќе знаат дека кога Мицкоски ветува – следува нова лага. Лага врз лага“.
Прво, локацијата што ја најавувам како што вели, е целосно несоодветна за изградба на толку голем и комплексен здравствен објект.
Дополнително, според неа, во непосредна близина на овој потег веќе се планирани други крупни инфраструктурни зафати, меѓу кои и нова зграда на АНБ на државно земјиште.
„Тоа значи дека просторот не може да издржи толку обемни инфраструктурни објекти.
Стручната јавност одамна укажува дека најсоодветна и најфункционална локација за нов Клинички центар е Ѓорче Петров.
Второ, се поставува сериозно прашање: по кој закон, во каква постапка и врз основа на каква одлука Владата директно преговара со приватни сопственици за отстапување земјиште?
Тоа во многу мириса на корупција, мириса на договори зад затворени врати.
Мириса на уште една голема измама на граѓаните заради бизнис-интересите на власта.
Но вистината секогаш излегува на виделина.
Клинички центар. Клиничка болница. Фотоволтаици. Милијарди евра инвестиции. Повисоки субвенции. Повисоки плати. Поевтин живот. Поништување на Преспанскиот договор“.
Враќање на името. Сега предвремени избори.
Сè ова, додава Малденовска, се покажа како лага.
„Со лаги дојдоа на власт со лаги владеат.
Нема резултати, има само лажни ветувања. Сè ова поради изборите.
Затоа сега најавува железница, 10 милијарди евра инвестиции, инфраструктурни проекти, нов Клинички центар, енергетски проекти.
Сè се тоа невозможни мисии ставени во служба на замајување на јавноста и фрлање прашина во очите на граѓаните пред изборите“.
Текстот (Видео) Нов Клинички центар е само уште една лага на Мицкоски и поигрување со народот, вели Младеновска е превземен од МАКФАКС.





