Пратеникот Кастриот Реџепи од Беса кој денеска не се појави во Собранието и на тој начин не го обезбеди потребното мнозинство на опизициските партии за да се гласа недоверба на Владата, попладнево објави видео на својот фејсбук-профил.
„Добар и здрав сум, се гледаме брзо“, напиша тој, а меѓудругото му испрати порака на лидерот на неговата партија, Биљал Касами, дека е на сигурно и да не се грижи.
Тој тврди дека е во добра состојба и откако ќе поминеле заканите ќе раскажел што се случило.






