Приведени двајца разбојници кои ограбиле малоленик во Аеродром

пред 2 години

Двајца разбојници, од кои едниот е малолетник се приведени денеска по извршена кражба.

Според информациите од МВР, приведени се А.Х. (25) и малолетник, двајцата од Скопје, постапувајќи по добиена пријава во 18.07 часот дека на територија на општина Аеродром тие со закана од малолетник одзеле мобилен телефон и паричник.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, разбојниците се пронајдени и приведени во ПС Бит Пазар, а кај едно од лицата е пронајден мобилниот телефон. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share
Scroll to Top