(Видео) Пресечен меѓународен канал на транспорт на дрога во вредност од околу 200.000 евра, приведени шест лица

пред 1 недела

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, РЦ Југ и Единицата за брзо распоредување во рамки на Одделот за специјални полициски операции, во полициска акција, уапсија шест лица и запленија 67,5 кг марихуана, вредна околу 200.000 евра.

„ На 12.10.2021 во попладевните часови од страна на полициските службеници во непосредна близина на Граничен премин Богородица, при обид нелегално да пренесат две торби со марихуана во количина од 67,5 кг биле лишени од слобода Л.М.(44) и А.М.(36), двајцата албански државјани. Во рамки на истрагата беа обезбедени докази за инволвираност на уште 4 лица, од кои уште двајца албански државјани и двајца државјани на Република Северна Македонија.

Набрзо потоа, во близина на с.Стојаково лишен е од слобода Т.Х.(38) од Р.Албанија, а по извршен претрес во домот на В.Д.(41) од с.Стојаково, каде бил затекнат и Е.Б.(29) од с.Попчево, струмичко, од слобода биле лишени и овие две лица. Шестиот член на криминалната група А.К.(37), албански државјанин, кој беше во бегство, е лишен од лобода денеска, околу 13.30 часот, на подрачјето на Кичево“ соопшти МВР.

Од страна на МВР во текот на денешниот ден до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против шесте лица ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик.

Share

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real

AniWatch: Detective Opera Milky Holmes: Arsene Karei naru Yokubou anime episode Full online free at https://aniwatch.pro anime websites

End of the World Episode Full

Watch Street Fighter II: Yomigaeru Fujiwara-Kyou Episode Full

Tales of Vesperia ~The First Strike~ (Dub) (https://kissanime.mx/m/lbwR) Episode Full

Scroll to Top