ЈСП: Утре привремено нема да функционира плаќањето на билет со мобилен телефон

пред 2 години

Утре, од 22 часот, нема да функционира опцијата за плаќање билет во јавен превоз со мобилен телефон (валидација преку бројот 185), најавија од ЈСП-Скопје.

Прекинот на оваа услуга, велат од таму, ќе биде од времен карактер, поради надградба на системот за електронска наплата.

Од среда, како што информираа, опцијата за плаќање со мобилен телефон ќе биде достапна.

Share
Scroll to Top