Јовески: Телото на детето било најдено при вештачење на автобусот

пред 2 години

Телото на детето било најдено во изгорениот дел на автобусот, соопшти денеска републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Тој кажа дека уверува околу тоа дека нема сомнеж за пронаоѓањето на уште едно тело, бидејќи автобусот имал големи оштетувања.

При изработка на вештачењата за избувнувањето на пожарот, биле најдени остатоците од детето.

„Осмиот патник го споменува едно од повредените лица кое е во болница, додека документацијата на болницата покажува друго. Во болницата има дека на лекување се донесени седум лица. Забележувањето во една таква трагична атмосфера, секое лице може да има забележани различни факти“, кажа Јовески.

Тој додаде дека во процесот на идентификација на изгорените патници е побарано да учествуваат и двајца претставници на Институтот за судска медицина.

„Во текот на денешниот ден, Обвинителството до властите во Бугарија упати замолница на утврдувањето на идентитетот на жртвите да присуствуваат и двајца претставници од Институтот за судска медицина, за да се забрза процесот. Во изгорениот автобус е најдено уште едно тело на починат патник, кое е пренесено во институтот во Бугарија. Се работи за помладо лице. Во сообраќајната несреќа настрадале 45 патници, а 7 се пренесени на лекување во софиската болница“, додава Јовески.

На бугарските претставници ќе им биде предадена и документација обезбедена од ОЈО. Според Јовески, тоа е документација од „Беса транс“, податоци за регистрација на автобусите, како и документи од Министерството за транспорт и врски.

Share
Scroll to Top