(Видео) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја блокира работата на Собранието и да кочи важни закони

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја блокира работата на Собранието и да кочи важни закони, реагираат од партијата на власт.

„Со недолично однесување, со закани за физичко насилство, денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ја блокираа седницита и расправата по Предлог Законот за Академија за судии и обвинители. По кој знае кој пат, ВМРО-ДПМНЕ партијата заштитник на криминалот жестоко се спротивставува на процесот на јакнење на судскиот систем во државата. Нема закон кој е од интерес на државата, од интерес на граѓаните а ВМРО-ДПМНЕ да не го кочи и блокира“, велат од СДСМ.

Според оваа партија уште еднаш се покажува дека единствената агенда на партијата предводена од Христијан Мицкоски, како што посочуваат, е одбрана на криминалот и дејствување на штета на интересите на граѓаните и државата.

„Но ниту една блокада, ниту една закана од ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречи реформите во судството и градењето силен, независен и ефикасен судски систем кој неселективно се борит против криминалот и корупцијата“, е потенцирано во писмената реакција од страна на СДСМ.

Share
Scroll to Top