(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

пред 4 часа

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Уривањето на дискотеките и расчистувањето на просторот веќе е започнато, а нема најава кога ќе почне изградбата на новиот Луна Парк.

Ѓорѓиевски објави видео на кое, како што вели, се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки, со што локацијата се подготвува за реализација на проектот – изградба на Луна паркот во Скопје.

„Ред мора да има! Се расчистува просторот за изградба на луна паркот. Старите бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк заминуваат во историјата. Како што ветив, најдоброто за Скопје“, напиша тој.

Текстот (Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top