(Видео) Со хеликоптер на МВР ставен под контрола пожарот кај село Караслари, велешко

(Видео) Со хеликоптер на МВР ставен под контрола пожарот кај село Караслари, велешко

пред 2 дена

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР повторно дејствуваше врз пожар во село Караслари, општина Велес.

„Хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тона вода и во координација со силите на терен дејствуваше за гаснење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола“, велат од МВР.

Од МВР додаваат дека по добиено второ барање од ЦУК, хеликоптерот е упатен и дејствува врз пожар во неготинско.

Текстот (Видео) Со хеликоптер на МВР ставен под контрола пожарот кај село Караслари, велешко е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top