Приведен криминалец осуден на 12 години затвор

пред 2 години

Синоќа полицијата привела затвореник од Штип кој побегнал од затворот во Штип. Според информациите, Е.М. (32) бил баран со Централна потерница, за издржување затворска казна.

Тој е осуден на казна затвор од 12 години и пет месеци за повеќе сторени кривични дела, а имал за доиздржување уште пет години и два месеца. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.

Share
Scroll to Top