Блокирање на Законите кои се од витален интерес за граѓаните е начинот со кој Мицкоски се обидува да го покрие неуспехот од 6-месеченото владеење на неговите градоначалници, рече на денешата прес-конфренција, пратеникот на СДСМ, Миле Талевски.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што рече тој, веќе трет месец претседателот на собраниската Комисија за земјоделие, Љупчо Димоски, одбива да ги стави на разгледување измените на Законот за земјоделство и руруален развој, кои ги доставиле пратениците од СДСМ и коалицијата.
„Со предлог измените на Законот треба да се отстранат административните пречки за исплата на субвенциите за земјоделците.
Односно, се отстранува дополнителниот услов кој се провлекува дури од 2015 година, а според кој за да ја искористат државната финансиска поддршка, земјоделците треба да ги имаат платено даноците и придонеси за кои е надлежна Управата за јавни приходи.
Со блокадата на измените, Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот министер за земјоделие Љупчо Димоски, им нанесуваат директна штета на тутунарите“, посочи Талевски.




