(Видео) Ѓорѓиевски: Спасовски доживеа фијаско со акцијата „Планина“, наркобосовите му побегнаа

пред 4 години

Целосно фијаско доживеа Оливер Спасовски со акцијата „Планина“, наркобосовите му побегнаа, ама затоа заплени дури 100 грама кокаин, изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели Спасовски молчи два дена по изјавата на Русковска дека имало крт во МВР и дека им била пробиена акцијата која била организирана со месеци.

„Спасовски, почитувани, избегнува да одговори на прашањата кој е кртот, и како од акција најавувана со фанфари на собраниската говорница, заврши со заплена на 100 грама кокакин и клучеви од луксузни возила на наркобосовите. На социјалните мрежи и интернет портали изминативе два дена се појавија фотографии, на кои јасно може да се види дека токму Спасовски и високи функционери од власта седат на иста маса со нарко босовите кои сега им побегнаа. Заедно на иста маса насмеани министри, градоначалници и наркобосови и криминалци“, рече Ѓорѓиевски.

Тој прашува во која држава премиерот, министерот за внатрешни и претседателот на државата седат на иста маса со криминалци и наркобосови?

„На овие можат да им позавидат и најпознатите нарко картели во светот. Молк и од страна на Стево Пендаровски. Јавноста е исто така сведок и на фотографија од претседателот Пендаровски заедно со еден од овие наркобосови, како што ги нарече самата Русковска. Како претседател на Советот за безбедност, Пендаровски е должен да одговори каква конекција има и имал со овие лица“, праша Ѓорѓиевски.

Share
Scroll to Top