Владата препорача Садула Дураку и Нина Ангеловска да бидат во одборот на директори на Македонски телеком

пред 4 години

Владата на денешната седница заклучи да му препорача на Собранието на акционери на Македонски телеком да ги отповика од должноста членови на Одборот на директори: Сашо Велевски од позицијата неизвршен член, Замир Мехмети од позицијата неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од позицијата неизвршен независен член, Мирослав Вујиќ од позицијата неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на Одборот на директори, се наведува во владиното соопштение.

Во него се додава дека дел од препораката е и за членови на Одборот на директори да бидат изберани:

– Шкодране Зенуни Дарлишта – неизвршен член

– Бардул Насуфи – неизвршен член

– Зоран Китанов – извршен член

– Нина Ангеловска – неизвршен независен член

– Садула Дураку – неизвршен независен член, и

– Аќиф Мехдиу – неизвршен член

 

Share
Scroll to Top