„Бетон Герасимовски и Општина Центар, фатени сте живи како лажете, повлечете се од темава и извинете се. Наместо да ја манипулирате јавноста, одговорете на едно едноставно прашање: Зошто ги едитирате објавите и лажете дека сте доделиле некаква “Јубилејна награда”, а не Феникс.
Дали поради тоа што знаете дека за доделување на “Феникс” потребно е прво изјаснување на комисија, а потоа и на советот. Во овој случај поминат е само филтерот на комисијата, а советот нема гласано“, велат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од Општина Центар во која беше истакнато дека јубилејните награди се признание за луѓето што оставиле белег во Центар.
Комисијата. додаваат од владејачката партија, се нема изјаснето позитивно за дел од лицата на кои им давате „Феникс“, а се има изјаснето за други на кои вие немате дадено таква награда.
„Доколку ги почитувавте лицата кои ги споменувавте, немаше да брзате да доделувате награди без запазена процедура и одлука на советот како што се прави секоја година. Ама очигледно ПР – от на Бетон Герасимовски бил поважен од “почитта” кон дотичните лица“.
Прашуваат врз основа на кое овластување се доделени награди на лица кои не биле избрани од комисијата, а се изоставени оние што биле избрани?
„Објавете го записникот од комисијата, конечната листа на наградени и одлуката на Советот, доколку е донесена.
Не ја префрлајте одговорноста врз наградените. Прашањето е кој, како и врз која правна основа ја изменил волјата на комисијата“
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски и општината да не лажат, доделија награда „Феникс нелегално“, а не “Јубилејна награда” е превземен од МАКФАКС.






