ВМРО-ДПМНЕ: На чело на РЕК Битола е поставен хармоникаш

пред 3 години

Ставање на хармоникаш на чело на Рударско-енергетски комбинат (РЕК) е гума за спасување за генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партиската реакција доаѓа откако денеска беше објавена информацијата дека разрешени се досегашните директори на РЕК Битола и РЕК Осломеј и на нивно место се поставени вршители на должност.

Едниот од нив е Пеце Матевски, поранешен хармоникаш и досегашен директор на термоелектрана, кој сега ќе раководи со РЕК Битола.

„Матески од претходно работно искуство има искуство како комерцијалист на гуми за џвакање и како хармоникаш по кафеани и ресторани. Деградирачки е РЕК да го води човек кој нема никакво познавање од енергетиката, ниту реално искуство од областа. Опасност по безбедноста на земјата е на чело на најголемиот енергетски капацитет наместо енергетичар од праска да имаме хармоникаш“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од пратијата обвинуваат дека огромни суми на пари се трошат без план.

„Како што стојат работите нема ниту кој да го направи планот за излез на државата од енергетската криза“, се додава во ракцијата.

Share
Scroll to Top