ВМРО-ДПМНЕ: Скопје гори, Шилегов никаде го нема, а командирот на противпожарната единица тера одмор

пред 3 години

Скопје гори, Шилегов никаде го нема, а командирот на противпожарната единица тера одмор, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како централната така и локалната власт покажуваат целосна негрижа за состојбата со пожарите. Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов никаде го нема, а вчера имаше 18 активни пожари во скопско, а 3 беа посериозни. Градот мирисаше на чад, гореа падини од Водно, гореше во Ѓорче Петров, гореше фабриката ОХИС, а Шилегов ужива на одмор како божем да се преработил. Ај што го нема Шилегов, туку во исто време го нема и командирот на скопската противпожарна единица“, обвинија од партијата.

Граѓаните, додаваат од таму, со голи раце се справуваат со пожарите, а функционерите и одговорните тераат одмори.

„Во други земји при вакви катастрофи се одложуваат обврски и службени посети, а не пак одмори. Власта аздиса. Го остави сам народот во наjтешкото. Затоа веќе не требаат одговори, туку одговорност од власта. И Шилегов и Заев и сите останати ќе останат запаметени како властодршците кои го напуштија својот народ кога му беше најтешко“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top