Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 349 нови случаи на коронавирус, а 12 лица починаа, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 2.754 тестирања, а регистрирани сe 208 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 1.385.429 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.552, бројот на оздравени пациенти е 188.540, на починати е 7.132, а бројот на активни случаи изнесува 6.880.