Движењето ЗНАМ се само привезок на ВМРО и си остваруваат само свои интереси, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче ги отвфрли како лажни наводите на ЗНАМ дека наводно во СДСМ постои некоординираност околу измените на Законот за Влада.
„Повторно дека некаква форма на сервирање информации кои што им одговараат само на ЗНАМ, поради тоа што на анкетите тие практично веќе не постојат. Станува збор за група на поранешни членови на СДСМ кои што за жал за свои сопствени финансиски лични интереси ја разединија ја поделија партијата. Имаа лажни ветувања, ќе беа некакви патриоти, ќе беа некаков контролор на власта. Што направија? Ништо. Тие се само привезок на ВМРО и си остваруваат само свои интереси. Еве, тоа го прикажа и нашиот антикорупциски тим преку бројни тендери, скандали, финансиски кои што се врзани со, со ЗНАМ“, рече Филипче.
Притоа Филипче нагласи дека во СДСМ нема никаква разединетост ниту некоординираност, и дека партијата функционира единствено и усогласено.
„Нема разединетост, ниту во пратеничката група, ниту во партијата. Точно е дека разговараме за сите опции, но засега, еве повторно да кажам, ние ја напуштаме само работата во работната група за Изборниот закон. Ние сме спремни да ги искористиме сите демократски методи за да се бориме против ова“, рече Филипче.
Текстот Во СДСМ нема раскол, уверува Филипче по тврдењата на ЗНАМ е превземен од МАКФАКС.





