Во три скопски општини има по повеќе од 1.000 заразени со коронавирус

пред 4 години

Аеродром, Гази Баба и Карпош се трите скопски општини во кои во моментот има над 1.000 активни случаи на коронавирус.

Во Аеродром заразени се 1.205 лица, потоа следи Гази Баба со 1.066 и Карпош 1.032. Нешто помалку од 1.000 заразени има во Центар и Кисела Вода, каде се регистрирани 982 и 964 случаи со Ковид-19.

Во Ѓорче Петров има 639 заразени, Чаир – 458, Бутел – 400, Илинден – 192, Шуто Оризари – 132.  Во останатите скопски општини бројките се двоцифрени.

Во главниот град во моментов има 7.756 активно заразени лица, откако вчера тука беа регистрирани над 500 нови случаи.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 43.835, бројката на оздравени пациенти е 25.782, на починати е 1.238, а бројот на активни случаи изнесува 16.815.

Share
Scroll to Top