Вреди: Исплатени 99,7 милиони денари на 1.865 земјоделци низ државата

Вреди: Исплатени 99,7 милиони денари на 1.865 земјоделци низ државата

пред 1 ден

Преку Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, 1.865 земјоделци од цела Северна Македонија добиле директни плаќања во вредност од 99,7 милиони денари – информираат од политичката платформа Вреди.

Според соопштението, исплатите се реализирани благодарение на, како што посочуваат, „непоколебливата посветеност“ на заменик-министерот за земјоделство Албрим Хоџа. Од Вреди ја оценуваат оваа поддршка како една од најзначајните и најдиректни инвестиции во земјоделството, која, како што наведуваат, ја отсликува нивната филозофија за правична застапеност, рамномерен развој и економско достоинство.

„Ова е конкретен доказ за јакнење на локалните земјоделци, зголемување на локалното производство и враќање на довербата во институциите. Албанското земјоделство влегува во нова, помодерна и поподдржана фаза“, се наведува во соопштението.

Од Вреди истакнуваат дека продолжуваат со градење инклузивни развојни политики и поставување нови стандарди во работењето на државата, со фокус на одговорност, институционален пристап и континуирана поддршка за земјоделците.

„За земјоделство што вреди, за држава што претставува“, порачуваат од Вреди.

Текстот Вреди: Исплатени 99,7 милиони денари на 1.865 земјоделци низ државата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top