Горан Милевски без одлука во ЛДП се предложил за министер

пред 3 години

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски самиот, без согласност и партиска одлука се предложил за министер во Владата, што покрена иницијатива внатре во партијата за негова одговорност.

„Со вчерашниот избор на Владата и изборот на Горан Милевски за член на Владата е прекршен Статутот на ЛДП. На последната седница на ЦО се зазема став водење преговори и барање до мандатарот Ковачевски за учество на ЛДП во Владата. Одлуката за учество и обезбедување на уште еден министерски мандат на Милевски се случи без претходно одржување на седница на ЦО и носење на одлука за учество во Владата. Согласно член 38 став 17 од Статутот на ЛДП: „ЦО утврдува листа на кандидати за членови на Владата на Република Македонија од редовите на ЛДП“,  стои во дописот на Филип Аврмачев, член на Централниот одбор испратен со органите на ЛДП.

Тој им порачува на членовите на Надзорниот одбор да поведат соодветна постапка против претседателот Милевски за прекршување на статутот на партијата.

„Како што наша идеолошка заложба е дека никој не смее да биде над законите на државата, така и во партијата никој не смее да биде на статутот, ниту претседателот на партијата, а најмалку во момент кога е тој лично засегнат“, пишува Аврмачев во писмото до партиските органи.

Прашан дали е тоа негов допис со кој бара постапка против Милевски, Аврамчев не сакаше да ги коментира внатрешните случувања во ЛДП.

„ЛДП е демократска партија и сите партиски проблеми ги решаваме внатре во партијата и би сакал тоа така и да продолжи“, одговори Аврамчев.

Share
Scroll to Top