ЈСП: Утре од 9 до 12 часот неколку линии ќе возат по изменети траси

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ креира криза во ЈСП за гориво, тендерот поништен како смислено сценарио

пред 4 дена

Мицкоски во континуитет преку своите кадри креира кризи во јавните претпријатија во Скопје. Одлука за решение за недостигот на автобуси и замената на дотрајаните автобуси со нови еколошки за ЈСП, веќе 24 пат по ред не ја носат послушниците на Мицкоски во Советот на Град Скопје на чело со Трајко Славевски, велат од Град Скопје.

„Нова криза со која го остава ЈСП без нафта, а скопјани без јавен превоз како смислено сценарио за урнисување на претпријатието. Кадарот на шефот на ВМРО ДПМНЕ во Бирото за јавни набавки Маре Богева, креира криза во ЈСП за гориво, со тоа што за прв пат од постоењето на претпријатието ја поништи редовната јавна набавка за гориво во ЈСП како смислено сценарио“, велат од Град Скопје.

Во исто време и со истото смислено сценарио, се додава во соопштението, приватните превозници, кои скоро воопшто не сообраќаат поради револт за неразгледување на нивната иницијатива за зголемување на цената по која возат, денес менуваат изјава дека не им биле верификувани извештаи за возење, а кој ќе им ги верификува кога не возат.

„За одлука за зголемување на цена на приватниците може да расправа и да донесе одлука единствено Советот на Град Скопје, предводен од Трајко Славевски од ВМРО ДПМНЕ и Мицковистите. За потсетување од моментот кога Мицкоски отпочна да преговара со компанија за набавка на 100 електрични автобуси, кое како и ветувањето за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје, се дел од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ за скопјани, отпочна и голготата на претпријатието. Во исто време почнаа и шпекулации за урнисување на ЈСП поради можно сценарио за негова приватизација“, додава Град Скопје.

Граѓаните на Скопје со денови мрзнат на автобуските постојки чекајќи автобус и со часови. Поради недостатокот на гориво, во моментов сообраќаат мал број автобуси, а останатите се паркирани во гаражите.

Текстот Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ креира криза во ЈСП за гориво, тендерот поништен како смислено сценарио е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top