ВМРО-ДПМНЕ: Попис во земја која е меѓу последните пет по вакцинација е геноцид

пред 3 години

СДСМ треба да и признаат на јавноста дека тоа што тие го нарекуваат попис е политичка операција во која освен партиите на власт се вклучија и сите наши соседи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој попис се спроведува спротивно на сите методологии и стандарди на Евростат и нема да даде релевантна и реална слика, врз основа на која може да се градат политики, туку напротив е обичен пазар на Зоран Заев за продолжување на неговата политичка кариера“, стои во соопштението на опозициската партија.

Од таму исто така сметаат дека пописот е, како што велат, гаранција за епидемиска бомба која ќе ги чини граѓаните здравје и илјадници загубени животи.

„СДСМ треба да се охрабри и да прифати одложување на пописот, бидејќи тоа е единственото разумно решение во услови кога бројот на починати на дневна основа е над 20, а бројот на новозаразени е над 1.000. Попис во држава која е во моментот трета по смртност во светот и во последните 5 по вакцинација е геноцид“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top