Груби и шефот на американската мисија разговараа за Коридорот 8 и спорот со Бугарија

пред 3 години

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со вршителот на должноста шеф на американската мисија, Ерик Мејер. На оваа средба Груби и Мејер разговараа за проектот Коридорот 8 и 10Д како и за најновите случувања во насока на почетокот на работата на овој проект.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Дискусијата за важноста на овие проекти не само за земјата туку и за целиот регион направи целата Влада да се посвети за нивна брза и квалитетна реализација. Процесот е веќе пред избор на консултант за финансиската трансакција и се очекува во следните неколку дена изборот да биде завршен и да продолжи понатаму.

Управниот комитет на Владата формираше 3 тима со конкретни задачи за експропријација, преговори и реализација на проектот, додека консултантот за финансиска трансакција и надзор ќе треба да преговара со Бехтел Енка и во рок од 21 ден да склучи договор кој потоа ќе биде испратен прво до Комитетот, а потоа до Владата за потврда.

Очекуваме во текот на оваа лето да започне изградбата и да се постави камен-темелникот, истакна на оваа средба првиот вицепремиер Груби.

Двајцата соговорници разговараа и за политичката состојба во земјата и регионот, како и за спорот со Бугарија, за изнаоѓањето решение за давање зелено светло и одржување на првата меѓу владина конференција.

Груби уште еднаш му ја пренесе пораката на Мејер, му кажа дека европската интеграција е од големо значење за Република Северна Македонија поради околностите во кои се наоѓа целиот свет во моментов.

Исто така на оваа средба Груби ги поздрави посетите на високите американски претставници како една голема поддршка за нашата земја на патот кон големото европско семејство и воспоставувањето на стратешкиот дијалог на нашата земја со Соединетите Американски Држави.

Share
Scroll to Top