Две лица обвинети за тешка кражба од автобуска станица во Гостивар

пред 2 години

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против две лица, од кои едното се товари за кривично дело – тешка кражба, додека другото е обвинето за помагање при извршување на кривичното дело.

Обвинетата 28-годишна жителка на селото Вруток, на 7. септември минатата година, извршила кражба во објектот на автобуската станица во Гостивар.

Вториот обвинет, на возраст од 62 години, ѝ помагал така што ѝ давал совети и упатства како да го изврши кривичното дело.

Како вработено лице кај оштетениот, тој ѝ кажал на обвинетата каде се клучевите од просториите.

Двајцата заедно се упатиле кон билетарниците, каде обвинетата најпрвин од необезбедени простории противправно одзела мобилен телефон „ајфон 5“ и повеќе клучеви.

Откако не успеала да најде соодветен клуч за да ја отклучи вратата од една од билетарниците, таа со физичка сила ја отворила вратата и одзела 5.000 денари во различни апоени.​​

Share
Scroll to Top