„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција низ цело Скопје

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција низ цело Скопје

пред 4 часа

Утре, 30 септември, со почеток во 10:00 часот, низ сите скопски општини ќе се одржи голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.

Во акцијата ќе се вклучат општините и градоначалниците, амбасади, ученици, спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје.

Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност.

Градот Скопје ги повикува сите граѓани да се приклучат и со личен пример да придонесат за почисто и поуредно Скопје.

Текстот „Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција низ цело Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top