Да се реализира ветувањето за 40 отсто повисоки плати во јавното здравство, бара синдикатот на Клиничкиот центар

пред 3 години

Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар очекува да се реализира ветувањето на СДСМ во изборната кампања за 40 отсто зголемување на платите во јавното здравство, односно по 10 отсто секоја година.

Од Синдикатот велат дека кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери, ветил плата на медицинските сестри од 600 евра, а овие ветувања имале големо и директно влијание на изборниот резултат. Синдикатот на Клинички центар очекува нивна реализација, а како првично покачување на основната плата од 10 отсто во првата година од мандатот на владеачката коалиција.

„Временски ограничениот додаток на плата обезбеден со средства од Светска банка не е зголемување на платите во јавното здравство од пет отсто. Зголемувањето на основната плата во јавното здравство се врши исклучиво од буџетски средства, а се исплатува согласно колективен договор. Знаејќи дека изборите се одвиваа во услови на прогласена пандемија, неисполнувањето на ова очекување ќе значи изборна манипулација на гласачкото тело поврзано со здравството или превидени и потценети економски последици предизвикани од пандемијата со Ковид-19“, истакнуваат од Синдикатот.

Потенцираат дека единствен пристап кој може да доведе до намалување на одливот на докторите и медицинските сестри, како и нивно враќање во јавното здравство е соодветното вреднување на нивниот труд и почитување на нивното достоинство.

Share
Scroll to Top