Двајца наставници од Скопје натепале ученици, информираа од полицијата

пред 3 години

Два случаи на насилство во училишта, каде ученик бил нападнат од страна на наставник биле регистрирани во текот на вчерашниот ден во МВР.

Според информациите од полицијата, едниот случај е во училиште на подрачјето на Бит Пазар, додека другиот е во селото Радуша, Скопско.

„На 09.03.2022 во 08.45 часот во Полициска станица Бит Пазар, Н.С.(45) од Скопје пријавил дека на 24.02.2022 околу 09.00 часот во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, за време на настава, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот Г.А..

На 09.03.2022 во 21.00 часот во Полициска одделение Сарај А.Ќ.(32) од с.Радуша, скопско, пријавила дека околу 14.00 часот била телефонски известена од класната наставничка на нејзиниот малолетен син дека додека бил на час во основно училиште во с.Радуша, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од наставникот С.С“, соопшти МВР во дневниот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Share
Scroll to Top