„Венко Филипче повторно се фати во сопствената мрежа на лаги. Во очајничка потрага по политички поени и со жед за власт која очигледно не познава граници, Филипче агресивно ширеше невистини за две теми“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Прво, Филипче со месеци сугерираше дека македонските земјоделци се оставени сами. Вчера пристигна официјално известување од Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, со јасна и недвосмислена порака дека средствата од ИПАРД програмата се целосно достапни за располагање. Средствата никогаш не биле блокирани.
Исто така, Филипче се обиде да го претстави европратеникот и известувач Томас Вајц, како критичар на Владата, дека наводно изразил сомнеж во посветеноста на Владата кон реформите и дека евроинтегративниот процес е во застој.
Вчера, во интервју за една македонска национална телевизија, Вајц лично ги разби тие тврдења.
Интервјуто кое Филипче со толку ентузијазам го спинуваше, и кое, како што кажа Вајц, е снимено за бугарска телевизиска станица, е дадено пред седум недели. Од тогаш до денес, Вајц лично напомена дека се преземени конкретни чекори и дека постои видлив напредок, а потврди и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорача минатата година, како што испорачува и оваа година.
Значи Филипче воопшто не е информиран, ниту пак е во тек со нештата. Извлече застарена изјава, ја изолира од контекст, ја сервираше на јавноста како актуелна и сето тоа за да конструира лажна слика.
Дали некој воопшто го информира Филипче или тој свесно и методично ја следи сопствената агенда, без оглед на фактите и последиците?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот „Два жестоки шамари за Филипче, ИПАРД средствата ослободени, Вајц со најнова изјава дека Владата испорачува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.





