Димитриевски го поддржува Гаши за претседател на Собранието, поделбата на власта и министерските позиции сè уште не ги договорил

Димитриевски го поддржува Гаши за претседател на Собранието, поделбата на власта и министерските позиции сè уште не ги договорил

пред 2 години

Африм Гаши има поддршка од Знам за претседател на Собранието. Лидерот на Знам, Максим Димитриевски, пред почетокот на денешната конститутивна седница во парламентот, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека ќе го поддржат Гаши.

Димитриевски вели дека има големи очекувања од новиот парламентарен состав, а се надева и дека ќе дадат свој придонес и како партнери во новата влада.

„Знам очекува многу од овој парламентарен состав. Верувам дека како потенцијален партнер во идната власт ќе дадеме свој придонес со нашето политичко дејствување бидејќи веќе сериозно разговараме за имплементација на некои од нашите програмски определби во иднина. Немаме договорено никакви кадровски решенија. Сè уште разговараме на платформи“, рече Димитриевски.

Нагласи дека за неговата партија во втор план е поделбата на власта и министерските позиции, а во прв план им е сето она што им го ветиле на граѓаните во предизборниот период.

Текстот Димитриевски го поддржува Гаши за претседател на Собранието, поделбата на власта и министерските позиции сè уште не ги договорил е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top