Директорка на скопско училиште јавно праша астролог дали ќе добие втор мандат

пред 5 години

Директорката на основното училиште во Скопје, Матилда Бајкова, во емисија за астрологија праша дали ќе добие уште еден мандат. Таа е директор на основното училиште во Бардовци „Аврам Писевски“. За жел не добила одговор од астрологот Мирјана Мирковиќ.

„Одговор молам. Дали ќе добијам уште еден мандат“, прашала Матилда која е професор по македонски јазик и литература, пренесе а1 он.

Нејзиното прашање наиде на реакции во јавноста, но, таа смета дека прашањето немало никаква врска со она што го работи и рече дека и таа како и секој друг има право да се забавува.

Матилда читала и дела кои се поврзани со астрологија, бидејќи ѝ биле интересни. Има добиено и признание за Меѓународниот ден на учителот, за „Просветен работник на годината за постигнати врвни резултати во остварувањето на целите и задачите на воспитно-образованата дејност за учебната 2016/2017“ и ќе се кандидира за уште еден мандат.

Share
Scroll to Top