Делегација на зелената партија ДОМ во состав Христина Оџаклиеска, заменичка министер за животна средина и просторно планирање и Анастасија Трајковска, советничка во општина Битола, учествуваа на 15-та Централно европска тркалезна маса на зелени локални советници, во периодот од 19-21 мaj, во Виена.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што информираат од ДОМ, темата на овогодинешниот настан била Зелените градови во движење – мир, солидарност и одржливост.
„Заменичката министерка Христина Оџаклиеска имаше обраќање на тема Зелените градови кон Зелениот договор и енергетска самоодржливост.
На настанот беа присутни европратеници, градоначалници и советници од Зелените, кои ги споделија своите искуства и визии за имплементација на зелената агенда во градовите“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека посебен акцент бил даден на Платформата за поврзување помеѓу локалните советници од европското зелено семејство.