ДУИ го овласти Ахмети да разговара со сите политички партии, освен со тие што се против ЕУ и НАТО

пред 3 години

Централниот одбор на ДУИ го овласти партискиот претседател, Али Ахмети, да продолжи да разговара со сите политички партии, освен со тие што се против евроатлантскиот курс, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи по завршувањето на состанокот во Тетово.

„Едногласно Централниот одбор го овласти претседателот Ахмети да продолжи да разговара со сите политички партии, како важен и одлучувачки фактор по парламентарните и локалните избори, а со цел да се задржи овој прогресивен пат и евроатланскиот курс на државата притоа разговарајќи со сите политички партии со двата блока освен тие што директно се против овој евроатлански курс, против стратешките интереси на граѓаните и на државата. Со тоа овластување кое го има од Централниот одбор, Ахмети продолжува да разговара со претставниците на другите партии со цел да се одржи политичката стабилност“, изјави Бујар Османи.

Како што додаде, разговорите се со цел државата да оди напред, на патот кон реформите и во блиска консулатација со стратешките партнери.

Share
Scroll to Top